Нов Зеланд поради сојот омикрон го пролонгира отворањето на границите

Од:

Властите во Нов Зеланд денеска соопштија дека го одложуваат планираното постепено отворање на границите до крајот на февруари, поради сојот омикрон на коронавирусот.

Островската држава во јужниот дел на Пацификот само што почна со укинување на мерките против пандемијата, а ограничувањата за меѓународно патување требаше постепено да се укинат од почетокот на јануари, со целосно отворени граници до април.

Новозеландскиот министер задолжен за справување со епидемијата со коронавирусот Крис Хипкинс истакна дека според новите упатства, наместо на 16 јануари патувањето во Австралија без карантин ќе биде дозволено само на крајот на февруари.

– Сите податоци што ги имаме досега покажуваат дека омикрон е најзаразната варијанта на вирусот досега. Нема сомнеж дека оваа одлука е разочарувачка, и дека ќе уништи многу планови за патување, но затоа е важно овие мерки да се презентираат навреме за да има доволно време за промена на плановите, истакна Хипкинс.

Тој додаде дека времетраењето на карантинот ќе биде продолжено од седум на десет дена, а времето потребно за тестирање пред влезот во Нов Зеланд е скратено од 72 на 48 часа пред поаѓање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска