Нов Зеланд меѓу првите во светот прогласи крај на епидемијата

Од:

Нов Зеланд ја елиминираше епидемијата на коронавирусот и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, најави премиерката Џасинда Ардерн, со што оваа јужнопацифичка земја е една од првите во светот што го направи тоа.

Владата од денеска на полноќ ќе ги укине мерките за физичко растојание и ќе премине од ниво 2 на вонредна состојба на ниво 1, рече Ардерн.

Јавните и приватните настани, продавниците и угостителските објекти, како и целиот јавен превоз сега можат да почнат со работа нормално, без придржување кон физичко растојание кое е во сила во повеќето земји во светот.

– Иако сега сме во побезбедна, посилна позиција, сепак нема да биде лесно да се вратиме на животот пред Ковид-19. Го зачувавме нашето здравје со одлучност и истрајност, а сега треба да се фокусираме на економското закрепнување, рече Ардерн.

– Сè додека не е завршено, не можеме да кажеме дека е постигнато. Така, можам да го завршам со едноставно: Ти благодарам, Нов Зеланд, истакна Ардерн.

На Нов Зеланд живеат околу пет милиони луѓе кои се изборија со пандемијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска