Нов Зеланд ја повлече војската од Авганистан

Од:

Нов Зеланд го повлече воениот контингент од Авганистан.

Земјата распореди околу 145 војници во централната провинција Бамиан од 2003 година. Таа загуби десет војници во конфликтот.

Повлекувањето на новозеландските војници се случува пет месеци порано од првично планираното. САД и нивните сојузници планираат да ги повлечат сите странски војници од Авганистан до крајот на 2014 година.

Околу 95 авганистански преведувачи и нивните семејства, кои работеле со новозеландскиот контингент, ќе заминат во Нов Зеланд, каде добиле право на престој.

Нов Зеланд ќе продолжи да држи 27 разузнавачи и аналитичари во Кабул.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан