Нов Зеланд ги шпионирал комуникациите на соседните земји во Пацификот

Од:

Новозеландската разузнавачка агенција извршила масовно прислушување на комуникациите на нејзините соседни земји, во реонот на Пацификот, надгледувајќи ги телефонските пораки, електронската пошта и сите телефоски разговори, пишува весникот „Њу Зиланд Хералд“.

За своите откритија, овој весник од Окланд се повикува на документите што ги зеде со себе, пред да побегне, Едвард Сноуден поранешен соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА).

Добинетите информации и сознанија од прислушувањето, разузнавачката агенција на Нов Зеланд потоа ги делела со другите земји-членки на групата „Пет очи“ во која се и САД, Австралија, Велика Британија и Канада.

Според сознанијата на весникот, за оваа операција на шпионирање на соседните земји, била користена базата на Бирото за тајни комуникации (ГЦСБ) лоцирана на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Цел на прислушувањето биле пацифичките островски држави, Фиџи, Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови ,Науру, Самоа, Вануату, Кирибати, Нова Каледонија, Тонга и Француска Полинезија.

Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки изјави дека во извештајот што го објавува весникот „Њу Зиланд Хералд“ има грешки и неточни претпоставки, но одби да даде елаборација на своето објаснување.

Ки меѓутоа рече дека дејствувањето на новозеландската прислушна агенција ГЦСБ било во интерес на Нов Зеланд и заштитата и обезбедувањето на неговите државјани.

Едвард Сноуден, поранешен соработник на американаката НСА, во 2013 година, побегна од САД, преку Хонг Конг во Русија, каде подоцна доби и политички азил. Со себе понесе голем број доверливи и тајни податоци за дејствувањето на агенцијата и за тајната операција за надгледување и контрола на комуникациите преку телефон и интернет, што им ги даде за објавување на некои медиуми во светот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски