Нов ултиматум: „Имаат две опции“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на одреден начин преговара со Иран и дека сега постојат две опции – Соединетите Американски Држави повторно силно да го нападнат Иран или да дозволат, како што рече, Техеран економски да пропадне.

Трамп во интервју за „Real America’s Voice“, објавено доцна синоќа, рече дека иранските претставници се „лукави преговарачи“, пренесе денес Ројтерс.

„Економски гледано, тие се во хаос. Не можат да позајмуваат пари. Ние ги контролираме нивните пари… Јас сум нивниот банкар“, рече Трамп, зборувајќи за замрзнатиот ирански имот.

Трамп наведе дека другата опција е САД да го нападнат Иран „многу силно“.

Американскиот претседател повторно ги отфрли информациите што ги објавија одредени медиуми дека постои недостиг од американска муниција.

„Добро стоиме со муницијата… Но, причината поради која залихите можеби се намалени, а ние произведуваме како луди, е тоа што тој (поранешниот американски претседател Џозеф Бајден) ѝ даде на Украина помош во вредност од 300 милијарди долари“, рече Трамп.

Ројтерс минатата недела објави дека американската војска потроши голем дел од своите залихи на високопрецизни ракети со долг дострел за време на војната со Иран.

Пакистанскиот министер за одбрана Каваџа Асиф денес изјави дека САД и Иран се блиску до постигнување некаков вид мировен договор.

Би можело да ве интересира

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Трамп со жестоко предупредување: „По Израел, Иран би ја нападнал Европа“

Горан Наумовски

Иран: Најмалку 18 лица загинаа, 142 се повредени во најновите американски напади

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран започна напад врз американските бази во Кувајт: Лансирани се ракети и дронови

Горан Наумовски

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

(ВИДЕО) Го прашаа Путин дали Русија ќе гаѓа цели во Британија