Нов напад на талибанците во близина на Кабул

Од:

Еден цивил загина,  а четворица се ранети во самоубиствен напад на талибанци со автомобил-бомба во близина на аеродромот во Кабул.

Цел на нападот биле најверојатно војници од НАТО, јавија западни медиуми повикувајќи се на изјава на портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи објавена на Твитер.

Од Министерството тврдат дека цел на нападот бил конвој странски војници.

Портпарол на талибанците на Твитер објави дека групата ја презема одговорноста за нападот.

Пред една недела шест американски војници беа убиени во напад на талибанци во близина на базата Баграм северно од Кабул. Денешниот напад беше извршен еден ден по посетата на Кабул на началникот на ГШ на пакистанската армија.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан