Норвешката премиерка им се извини на Ромите за односот кон нив за Втората светска војна

Од:

Норвешкaта премиерка Ерна Сулберг и се извини на Ромите за дискриминацијата на кои биле изложени во периодот на Втората светска војна.

Таа по повод вчерашниот Меѓународен ден на Ромите односот кон тоа малцинство го оцени како дел од темното минато на Норвешка.

Во извештај објавен во февруари се посочува дека во 30-тите години од минатиот век на 62 Роми кои патувале во странство им бил забранет влез во Норвешка, поради шти тие завршиле во нацистичките концентрациони логори. Преживеаните Роми добиле дозвола да се вратат во Норвешка дури десет години по завршување на Втората светска војна.

Сулберг истакна дека таквите мерки на норвешките власти биле „политика на расистичко исклучување“.

Во Норвешка во 20 век живееле од 100 до 150 Роми, а денес околу 500.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Отворена сезонска авионска линија Осло-Скопје

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска