Норвешка и ги враќа на Франција воените хеликоптери, бара поврат на 523 милиони долари плус камата

Од:

Норвешка ќе ги врати воените хеликоптери NH90 што ги нарача од француската NH Industries бидејќи тие се или несигурни или доцна се испорачани, изјавија денска министерот за одбрана и командантот на армијата.

Владата, исто така, ќе бара враќање на 523 милиони долари плус камати и други трошоци од NH Industries, која е во сопственост на Airbus Helicopters, италијански Leonard и Fokker Aerostructures од Холандија.

„Без разлика колку часови работат нашите техничари и колку делови ќе нарачаме, тоа никогаш нема да му овозможи на NH90 да ги исполни барањата на норвешките вооружени сили“, рече министерот за одбрана Бјерн Арилд Грам на прес-конференција.

Договор за 14 хеликоптери беше потпишан во 2001 година, но Норвешка доби само осум, соопшти Министерството.

„Имаме хеликоптер што не функционира како што треба“, изјави генералот Еирик Кристоферсен, командант на норвешките вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано