Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави денеска дека осумте нордиски и балтички земји поддржуваат поголема улога на НАТО во поддршката на Украина во војната со Русија.
„Ние поддржуваме поголема улога на НАТО во обезбедувањето безбедносна помош за Украина и во координацијата на обезбедувањето воена поддршка и опрема“, рече Билстром по состанокот на министрите за надворешни работи на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија и Норвешка.
На средбата е договорено да се формира група експерти кои ќе ги помагаат напорите на Украина за влез во ЕУ, пренесува Ројтерс.