Нобеловата за медицина во рацете на Јапонецот Јошинори Ошуми

Од:

Јошинори Ошуми од Јапонија е добитник на овогодинешната Нобелова награда за медицина за откритието на механизмот на автофагија, соопшти во понеделник Нобеловиот комитет.

Автофагијата или самопрождерување се однесува на уништување и рециклирање на деловите од клетките, се наведува во објаснувањето.

Ошуми проучувал илјадници мутации на квасец и открил 15 гени кои се клучни за автофагијата. Автофагијата ги контролира важните физиолошки функции во кои клеточните компоненти мора да бидат разградени и рециклирани.

Автофагијата може брзо да даде енергија за изградба на ќелиските компоненти. Со неа може да бидат елиминирани интракелиските бактерии и вируси, и придонесува за развој на ембрионот.

Отсуство на автофагија, која е всушност механизам за рециклирање клетки се поврзува со Паркинсоновата болест, дијабетес тип Б и со други болести кои се поврзуваат со староста.

„Откритијата на Ошуми водат кон нова парадигма во разбирањето на начинот на кој клетките ја рециклираат својата содржина“, се наведува во соопштението. Во текстот се додава дека неговите откритија го олеснуваат разбирањето на значењето на автофагијата во многу физиолошки процеси, како прилагодувањето на изгладнување како одгвор на инфекција.

Ошуми е роден 1945 година во јапонската Фукока. Докторирал на Универзитетот во Токио во 1974 година. Три години поминал на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, а потоа се вратил во Токио, каде основал истражувачка група во 1988 година.

Ошуми е професор на Универзитетот во Токио, на институтот за технологија од 2009 година.

Ошуми е шести добитник на Нобелова награда за медицина од Јапонија и 23 нобеловец роден во оваа земја.

Наградата од 8 милиони шведски круни, или 960.000 долари, Ошуми ќе ја прими на 10 декември во Стокхолм, на годишнината од смртта на основачот на наградата, Алфред Нобел.

Би можело да ве интересира

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Ана Ололовска

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

Ана Ололовска

Пет занимливости за Нобеловата награда

Ана Ололовска

Почнува неделата на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Боб Дилан ја прими Нобеловата награда за литература

Наум Локоски

Нобеловиот комитет се уште нема директен контакт со Боб Дилан

Емир Латифовиќ