Нобеловиот комитет се уште нема директен контакт со Боб Дилан

Од:

Пет дена откако Боб Дилан беше прогласен за добитник на Нобеловата награда за литература никој не знае што американскиот кантавтор мисли за тоа.

Шведската академија која ја доделува наградата соопшти дека не успеала да стапи во контакт со Дилан.

– Се уште не сме стапиле директно во контакт со Боб Дилан, но разговаравме со еден од неговите најблиски соработници, изјави постојаната секретарка на Академијата, Сара Данијус.

Академијата се надева дека Дилан ќе ја прифати поканата да ја прими наградата на свечената церемонија во Стокхолм на 10 декември.

– Би било прекрасно Дилан да дојде во Стокхолм во декември, но ако не сака, не сака, посочи Данијус.

Дилан кој е на турнеја во САД, на своите концерти не ни спомна дека добил Нобелова награда. Тој пригатил на многу награди, меѓу кои и Пулицерова и Претседателски орден на слободата.

Харолд Пинтер и Алис Манро не присуствуваа на церемонијата во 2005 и 2013 година поради здравствени причини, додека само двајца писатели во историјата на Нопбеловата награда за литература – Борис Пастернак под притисок на советските власти во 1958 година и Жан Пол Сартр ја одби наградата во 1964 година.

Би можело да ве интересира

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Ана Ололовска

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

Ана Ололовска

Пет занимливости за Нобеловата награда

Ана Ололовска

Почнува неделата на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Боб Дилан ја прими Нобеловата награда за литература

Наум Локоски

Нобелови награди: Дали сте знаеле дека…

Ана Ололовска