Почнува неделата на Нобеловите награди

Од:

Со објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за медицина денеска почнува неделата на Нобелови награди.

Името на добитникот на Нобелова награда за медицина ќе биде соопштено денеска околу пладне во Стокхолм. Утреќе биде соопштен добитникот на наградата за физика, во среда за хемија, во четврток за литература, и добитникот на Нобелова награда за економија ќе биде соопштен во понеделник.

Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок во Осло, а најголем фаворит е активистката против климатските промени Грета Тунберг.

Шефот на Институтот за истражување на мирот во Осло Хенрик Урдал изјави дека е „сосема неверојатно„ 16-годишната активистка да ја освои наградата, додавајќи дека нејзината возраст работи против неа. Најмладиот лауреат на Нобелова награда за мир е Малала Јосафзај, која ја доби наградата во 2014 година на 17-годишна возраст.

Еден од најверојатните добитници на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граница“.

Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра).

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска