Овогодинешните добитници на Нобеловата награда за физика се Дејвид Џ. Тулес од Универзитетот Вашингтон во Сиетл, Данкан Халдеин од Принстон и Мајкл Костерлиц од Универзитетот Браун – Британци, кои работат во САД.
Како што соопшти Кралската шведска академија на науки тие се наградени за откритија на полето на тополошката транзиција.
Половина награда доби Тоулес, а по четвртина Халдејн и Костерлиц. Ним им е оддадено признание за теоретска работа на „тополошки фазни транзициии тополошки фази на материи“. Станува збор за истражување на електрична проводливост на екстремно тенки површини, кои може да се сметаат за дводимензионални.
„Овогодинешните лауреати ја отворија вратата на непознат свет, во кој материјата може да има необични состојби. Ги искористиле математичките методи за проучување необични фази или состојби на материи, како суперпроводник, суперфлуид или тенки магнетни слоеви“, се наведува во соопштението.
Во текстот се дополнува дека ова истражување може да има примена во иднината во науката за материјали и во електрониката.
– Овогодинешната награда е за егзотичните нешта во моденриот свет, изјави претставникот на Нобеловиот комитет.
Данкан Халдеин инзјави дека бил многу изненаден кога ја слушнал веста за наградата. Тој вели дека во доцните 80-те, кога го создавал трудот, изгледал прилично апстрактно, но дека се покажало оти постои можност за голема практична примена.
Тулес е роден во 1934 година во Берсден, докторирал на Универзитетот Корнел во САД во 1958 година, а денес е почесен професор на Универзитетот во Вашингтон.
Халдеин е роден 1951 година во Лондон, докторирал на Кембриџ во 1978 година, а денес е професор по физика на Универзитетот Принстон.
Костерлиц е роден 1942 година во Абердин, докторирал на Оксфорд, а денес предава физика на Универзитетот Браун во САД.