„Њузвик“ на продажба

Од:

Американското списание „Њузвик“, кое целосно стана дигитално по излегувањето на неговиот печатен број во декември 2012 година, е дадено на продажба, се наведува во внатрешен редакциски документ, што циркулира на Интернет.

Во него директорот на „Њузвик“ Баба Шети и главниот уредник Тина Браун истакнуваат дека продажбата се наложува, затоа што редакцијата сака да се фокусира врз информатичкиот сајт „Дејли бист“.

„Њузвик“ се слеа со „Дејли бист“ во 2010 година, но двете изданија го зачуваат сопствениот бренд.

Списанието „Њузвик“ беше создадено во 1933 година од поранешен новинар од списанието „Тајм“. Веќе неколкугодини по ред изданието почна да ја губи трката со времето и раководството одлучи да ја затвори печатената верзија.

Во 2010 година медиумската империја, која го издава весникот „Вашингтон пост“, го продаде „Њузвик“ на калифорнискиот милијардер Сидни Харман за еден долар. Тогаш списанието имаше загуби од 70 милиони долари за претходните две години.

Би можело да ве интересира

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски