„Њујорк Тајмс“: Трамп му рекол на Лавров дека Коми е „лудак“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на минатонеделната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергек Лавров во Вашингтон, му рекол дека разрешениот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми е „лудак“, објави „Њујрок Тајмс“.

Според весникот, Лавров наводно му рекол на Лавров дека со разрешувањето на Коми „го отстранил големиот притисок“ со кој се соочил во врска со актуелната истрага за врските на членови на неговиот изборен штаб со Русија пред ланските претседателски избори.

– Само што го отпуштив шефот на ФБИ. Беше луд, вистински лудак. Се соочив со голем притисок поради Русија. Тоа сега е отсрането, наводно изјавил Трамп во разговорот со Лавров.

„Њујорк Тајмс“ ваквото тврдење го базира на документ со прибелешки од разговорите, кој наводно на весникот му го доставил „неименуван американски висок претставник“.

Веродостојноста на овој документ не може да се потвради, а засега ниту Белата куќа не реагираше на ваквите наводи на весникот.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски