Њујорк Тајмс“: Трамп барал од Коми да ја запре истрагата за Мајкл Флин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од разрешениот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми да ја стопира истрагата за врските на неговиот поранеш советник за национална безбедност Мајкл Флин со Русија, тврди „Њујорк Тајмс“.

Анонимни извори за весникот откриваат дека ваквите тврдења се наведени во белешка што ја напишал Коми веднаш по неговиот разговор со Трамп во февруари годинава во Белата куќа.

– Се надевам ти можеш тоа да го направиш, му рекол наводно Трамп на директорот на ФБИ, барајќи да ја запре истрагата.

Според весникот, Коми ја напишал белешката веднаш по враќањето од средбата во Белата куќа, само еден ден по оставката на Флин на функцијата на која се наоѓаше само 23 дена.

Ба ваквите тврдења реагираше Белата куќа, која во посебно соопштение ги отфрла како неточни наводите на „Њујорк Тајмс“.

– Познато е дека претседателот повеќепати изјави дека генералот Флин е чесен човек кој ја штител земјата, но тој никогаш не побарал од Коми или од кој било друг да запре некоја од истрагите, вклучувајќи ја и онаа за генералот Флин, се вели во соопштението на Белата куќа.

Весникот открива дека Коми за направената белешка од разговорот со Трамп, разговарал со своите најблиски соработници во ФБИ.

Во документот, тогаш се уште актуелниот директор на ФБИ, забележал дека Трамп му рекол за Флин оти е „добар човек“ со што Коми се согласил, но, според Си-Ен-Ен, тој побарал од претседателот барањето за запирање на истрагата да биде документирано.

Откритието за тоа дека претседателот на САД барал од ФБИ да стопира истрага, доаѓа само 24 часа по тврдењето на „Вашингтон Пост“ дека Трамп за време на разговорот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за планиран заговор на џихадистите од Исламска држава му открил „строго доверливи информации“ кои не биле пренесени ниту на сојузниците на САД.

Минатата недела, Трамп го смени од функцијата директорот на ФБИ, објаснувајќи го тоа со лошото работење на Коми.

Неговото неочекувано сменување во екот на истрагата за руското мешање во американските избори и за врските со Москва на луѓе од тимот од изборниот штаб на Трамп, предизвика бранување во Вашингтон.

Демократските сенатори веднаш побараа именување на специјален обвинител за продолжување на истрагата, обвинувајќи дека Коми е сменет за да се прекине започнатата истражна постапка.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија