„Њујорк тајмс“: Канцеларијата на авганистанскиот претседател добива „пари духови“ од ЦИА

Од:

Големо количество американски долари секој месец, повеќе од десет години, пристигнуваат во кабинетот на претседателот на Авганистан, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Хамид Карзаи на овој начин има добиено повеќе десетици милиони долари, наведува весникот, повикувајќи се на активни и поранешни службеници во најблиското опкружување на Карзаи во Кабул.

Поранешен шеф на претседателската администрација за весникот открива дека доларите ги нарекувале „пари духови“. „Њујорк тајмс“ нагласува дека на овој начин ЦИА купувале благонаклонетост од авганистанскиот лидер и неговото најблиско опкружување, додека тие од своја страна имале можност да се договорат со локалните команданти. Весникот наведува дека овие средства ја поткопуваат стратегијата на Вашингтон за излез од Авганистан.

– Најголемиот извор на корупција во Авганистан се наоѓа во САД, вели неименуван американски претставник, цитиран од весникот. ЦИА дејствува на овој начин уште од инвазијата на американската војска во земјата во 2001 година, наведува „Њујорк тајмс“.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан