„Њујорк тајмс“: Израел се подготвува за напад врз Иран

Од:

Израел очигледно се подготвува наскоро да започне напад врз Иран, според американски и европски претставници, објави утрово „Њујорк тајмс“.

Тоа е потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

Загриженоста за можна израелска воена акција, како и можниот ирански одговор, го натера Вашингтон да повлече дипломати од Ирак во среда и да одобри доброволно повлекување на семејствата на американските војници од земјите од Блискиот Исток.

Не е јасно колку обемен би можел да биде израелскиот напад, но тензиите се зголемуваат со месеци, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повикува Трамп да го искористи она што Тел Авив го смета за момент на ранливост на Иран за напад.

Трамп претходно го отфрли израелскиот план за напад, инсистирајќи дека сака да преговара за договор со Техеран што би ја ограничил способноста на Иран да произведува нуклеарно гориво. Пред две недели, тој рече дека го предупредил Нетанјаху да не започнува напад додека траат преговорите меѓу САД и Иран.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Заканувачка порака до Меланија и Барон Трамп во видео што се поврзува со ирански медиум

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод