„Њујорк тајмс“ го купи „Атлетик“ за 550 милиони долари

Од:

„Њујорк тајмс“ на својата веб-страница објави дека го презема еден од најголемите светски спортски медиуми „Атлетик“. Зделката, која треба да биде завршена до април оваа година, ќе изнесува 550 милиони долари.

Како што е наведено, ова ќе му помогне на „New York Times“ да ја надмине границата од 10 милиони претплатници до 2025 година. Сега има веќе од осум милиони, додека Атлетик има приближно 1,2 милиони претплатници.

– Нашата цел е значително да надминеме 10 милиони претплатници. Веруваме дека „The Athletic“ ќе ни овозможи да го прошириме нашиот пазар на потенцијални претплатници, рече извршниот директор на компанијата Мередит Копит Левиен.

Атлетик е вториот најголем работодавец за спортски медиуми во Соединетите Американски Држави. Прв е „ESPN“. Сајтот има околу 600 вработени. Претплатата на Атлетик изнесува е 7,99 долари месечно.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

(ВИДЕО) Маскиран млад човек пукаше кон таксист во Њујорк по расправија за плаќање на превозот

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ