„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Од:

Европа, која долго време беше најважниот извор на поддршка за Тел Авив, ги преоценува односите со Израел. Шпанија, Ирска и Норвешка ја признаа Палестина како држава, а повеќето влади во ЕУ безусловно го поддржаа барањето на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана, пишува „Њујорк Тајмс“.

Еврејската држава сè уште има лојални сојузници во Европа. Сепак, европските земји се соочуваат со зголемен меѓународен и домашен притисок да заземат поостар став и да ги осудат акциите на Израел во Палестина, особено разорната војна во Појасот Газа.

Претходно, Европската Унија тргна кон зближување со Израел, вклучително и зајакнување на финансиското и политичкото партнерство во трговијата и науката. Но, војната во Газа ја промени траекторијата на нивната врска.

Европските симпатии кон Израел по нападите на 7 октомври се намалуваат како што конфликтот продолжува. Хуманитарната ситуација во палестинската енклава се влошува, а Израел за многу луѓе „помалку личи на жртва, а повеќе на агресор“, пишува американскиот весник.

Доколку другите земји од ЕУ го следат примерот на Ирска, Шпанија и Норвешка, блокот би можел да стане главна противтежа на американската позиција дека палестинската државност бара договор со Тел Авив. Како резултат на тоа, јазот меѓу Европа и Израел ќе стане уште подлабок.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски