Њујорк: Посетите на сефовите со златни прачки прекинати на неодредено време – „поради ураганот Сенди”

Од:

Њујорк се суши по ураганот Сенди, а финансиската заедница разгледува колку е паметно најважните делови на инфраструктурата, да се сместуваат во подрачја кои се подложни на поплави. Зградата на Ситигруп на адреса “111 Wall St”. не ќе може да се користи уште неколку недели, а два многу важни објекта “Verizon Communications” се преплавени за време на бурата.
Ако ништо друго, материјалот на тие локации може да се замени. А што е со речиси 6.800.000 килограми на злати прачки, кои се наоѓаат во Одделот на федералните резерви во Њујорк?

Безбедни се и ќе бидат безбедни, теоретски, ако се повтори поплавата. Златото е толку тешко што сефот се наоѓа 25 метри под нивото на улицата и 15 метри под нивото на морето, врз темел под Менхетен. Иако зградата на банката, која е како тврдина, се наоѓа во центарот на градот, во близина на други финансиски институции кои беа оштетени од водата, имотот на “33 Liberty St” e во градската евакуациска зона Ц и на тамошните жители им беше кажано дека се очекуваат поплави само во случај на ураган од 3 или 4 категорија кој би го погодил пристаништето во Њујорк.

Оделението на Федералните резерви во Њујорк, не кажува ништо за тоа како се обезбедува најголемата концентрација на злато во светот и сите заинтересирани ги упатуваат на “брошурата” која се наоѓа на нивниот веб-сајт.

Во памфлетот пишува дека сефот го штити “печат кој не пропушта вода и воздух”, направен со спуштање на челичен цилиндар од 90 тони само околу 1,8 цм во челично бетонска рамка од 140 тони. Овој ефект е сличен на “ставање тапа во шише.” Другите безбедносни мерки вклучуваат видео надзор на затворениот круг, обука на чуварите за ракување со оружје и самата тежина на златото. Прачките имаат околу 12 килограми. Тешко е да се изнесат во џебот. “Инвеститорите толку им веруваат на мерките за безбедност на банката што малкумина побараа да го прегледаат нивното злато” пишуваат од Одделот за Федералните резерви во Њујорк.

Тоа очигледно покрена голем број на теории на заговор. Златото не е таму, тоа не е злато, и слично. Лос Анџелес тајмс во август извести дека федералната влада за прв пат ги прегледала прачките кои се наоѓаат под “Liberty Street”. Бушеле дупки во одбрани примероци од прачки и го анализирале металот.

Обично можете да видите златни прачки. Околу 25.000 посетители го обиколуваат сефот на банката секоја година. Овие посети, велат во банката, беа прекинати на неодредено време “поради последиците од ураганот Сенди.”

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас