Њујорк: Форензичар загрозил стотици случаи на силување

Од:

Канцеларијата за форензика во Њујорк врши ревизија на неколку стотини случаи на силувања во кои можело да се поткрадне грешка на еден од лабораториските техничари при обработката на доказите добиени со анализа на ДНК, пишува “Њујорк тајмс”.

Весникот наведува дека канцеларијата повторно обработува повеќе од 800 докази во случаи на силувања собрани помеѓу 2001-та и 2011 година.
– Ова е прв пат вакво нешто да се случи – рече портпаролката на канцеларијата за форензика Елен Бораков.

Канцеларијата за форензика, чии техничари се задолжени за испитување на примероците собрани во случаи на силувања, открила за сега 26 случаи на лошо постапување со примероците на ДНК.

Според пишувањето на весникот, со ревизија е открино дека техничарот целосно превидел биолошки докази и во одредени случаи, каде што е откриена ДНК, лошо ги извршил хемиските анализи.

Лошата обработка на доказите доведе до неточни извештаи кои им се предадени на инспекторите.
Загриженост предизвикува и лошото сортирање на доказите. Канцеларија за форензика наведе најмалку еден пример во кој техничарот доказот го вклучил во погрешен фајл.

Идентитетот на техничарот, кој поднесе оставка во ноември 2011 година, по девет години служба, не е објавен.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас