Нивото на водата во морињата и океаните се зголемува побрзо од прогнозите на научниците

Од:

Нивото на водата во морињата и океаните се зголемува за 60 проценти побрзо од прогнозите на Обединетите нации, што претставува закана за пониските области од Мајами до Малдивите, се предупредува во научен извештај, објавен на преговорите во Катар за борба против климатските промени.

Извештајот е изработен од научници од Германија, Франција и САД и во него се констатира дека температурите се зголемуваат реално во согласно со сценаријата на ОН, со што се негира тврдењето дека проценката на нивниот раст биле преувеличена.

– Глобалното затоплување не се забави, ниту пак излегува од рамки на досега прогнозираното, изајви Штефан Рамшторф, главен автор на извештајот на Постдамскиот институт за истражувањето на влијанието на климатските промени.

Во извештајот се посочува дека нивото на морињата и океаните се зголемува за 3,2 милиметри годишно, според сателиски податоци или за 60 проценти побрзо од два милиметарското годишно зголемување, прогнозирано од Меѓународната група на ОН за климатски промени за истиот период.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска