Никола Тесла свесен дека растот на светската популација претставува проблем кога се работи се прехранувањето на планетата, уште на почетокот на 20 – от век размислувал како науката да биде вклучена во производството на храна.
За тоа говорел во 1900 – та, поточно пред 113 години и уште тогаш бил противник на производството на вештачката храна.
Сите други зла можеме да ги победиме, но сите зла заедно не се еднакви на едно единствено: недостатокот на храна носи беда, глад и сиромаштија, овие зборови Тесла ги напишал во својот славен есеј „Проблемот на зголемувањетпо на човечката енергија“, кој го објавил во јуни 1900 – та година. Сто години подоцна , ОН ја усвоија Милениумската декларација и во неа дефинирале осум развојни цели кои треба да бидат остварени до 2015 – та година, од кои првата е отстранување на екстремното сиромаштво и гладот.
Статистиките говорат дека сиромаштијата е преполовена во однос на 1990 – та и дека размерите на гладтта се намлени, иако денес во светот има околу 900 милиони гладни луѓе. Овој напредок е благодарение на земјите членки на ОН и нивните организации, бројните корпорации и филантропски акции, во кои учствувале и некои од најбогатите поединци на планетата.
Генијалецот не мислел на „апсолутен недостаток на храна, туку на недостаток на здрава храна“, „добра и обилна храна“, исто така и „чиста вода за пиење“, за која сметал дека може да се добие со помош на усовршена електрична направа, кој ефтино би произведувал озон – како идеален дезинфектант.
Затоа веќе во 1900 – та тој го подигнал гласот против производство на вештачка храна, бидејќи човечкиот род претставува „резултат на вековната адаптација и не можеме радикално да се промениме без непредвидливи и веројатно катастрофални последици“, кои би донеле „несигурен експеримент“ со производството а вештачката храна, поради што „не треба ниту да се обидуваме“.