Ники Хејли најави дека ќе гласа за Трамп на претседателските избори во САД

Од:

Поранешната републиканска кандидатка за претседателска номинација во САД, Ники Хејли, најави дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за Доналд Трамп, кој и беше ривал на првичните партиски избори.

Таа, исто така, посочи дека Трамп мора да работи за да ги придобие нејзините гласачи.

„Ќе гласам за Трамп. Но, останувам на она што го кажав кога се откажав од прелиминарната трка – Трамп треба да допре до луѓето кои гласаа за мене, а не само да претпоставува дека ќе гласаат за него сега. И јас искрено се надевам дека ќе го направат тоа“, рече Хејли во Институтот Хадсон во Вашингтон.

Тоа беше и нејзино прво појавување во јавноста откако ја напушти трката за претседателска номинација во Републиканската партија и прва јавна поддршка што му ја даде на Трамп.

Хејли, која беше амбасадор на САД во ОН во администрацијата на Трамп, се повлече од трката пред два месеци, но потоа не го поддржа Трамп, туку го обвини дека создава хаос, дека не соработува со меѓународните сојузници и се прашуваше дали на 77 години можеше да биде претседател.

Трамп, од друга страна, често ја критикуваше или навредуваше Хејли, нарекувајќи ја дури и „пилешки мозок“, пренесува Гласот на Америка.

Би можело да ве интересира

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

Прв пораз на Трамп на прелиминарните избори

Катерина Ѓуровски

Хејли е неважна, се вртиме кон Бајден соопшти штабот на Трамп

Ники Хејли ќе биде именувана за директор на „Боинг“

Небензја: Им благодарам на САД што ме шпионираат

Трамп ја прифати оставката на Ники Хејли