Никарагва: Загинаа десет воени воздухопловци

Од:

Десет припадници на воените воздухопловните сили на Никарагва загинаа денес, откако нивниот хеликоптер се урна во близина на езерото Манагва.

Меѓу жртвите се командантот на воздушните сили полковник Мануел Лопес, шефот на контраразузнавачката служба на воздухопловството полковник, Честер Варгас и командантот на воздушните одбрамбени сили полковник Алдо Ерера, пренесе „Франс прес“.

Хеликоптерот МИ-17 се урна по посета на полигонот во Ла Паз, на 52 киломерти северозападно од Манагва.

Набргу по полетувањето кон претстолнината, пилотот ја известил командата дека има проблем во летот -изјави портпаролот на војската полковник Орландо Паласиос.

Очевидци на настанот раскажуваат дека хеликоптерот се запалил и експлодирал во воздух, по што од висина од околу 1.500 метри паднал на земјата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици