Никарагва планира да купи повеќе воени авиони, вклучително и руски авиони МиГ-29, кои ќе ги користи за борба против трговијата со дриога во приморските области, изјави денеска портпаролот на Армијата на Никарагва, генерал Адолфо Сепеда.
Тој посочи дека авионите-ловци ќе се користат „само во одбранбени цели, а не за воздушни напади, бидејќи Никарагва не сака да претставува воена закана за земјите во регионот“.
Меѓународниот суд за правда во Хаг во 2012 година пресуди дека архипелагот Сан Андрес во Карипско Море и припаѓа на Колумбија, но поголемиот делл од морскагта површина околу островите е прогласена за економска зона на Никарагва. Владата во Манагва сега планира да преземе дополнителни мерки против наркокартелите во тоа подрачје.