Претседателот на Никарагва Даниел Ортега ја предупреди Костарика дека неговата земја би можела пред Меѓународниот суд на правдата да се обиде да го врати правото над провинцијата Гванкаста, загубена во 1824 година.
Провинцијата Гванкаста зазема околу 20 проценти од актуелната територија на Костарика и претставува популарна туристичка дестинација.
– Костарика не ја доби оваа територија пред некој меѓународен суд, туку со помош на сила и оружје, изјави претседателот на Никарагва.
Ортега истакна дека би сакал за ова спорно прашање да преговара со Костарика, но досега оваа идеја наидува на одбивање од претседателката на Костарика Лаура Чинчила.