Ни преостануваат уште неколку недели да издржиме, смета Оливие Герин од Францускиот Научени совет, повикувајќи на „индивидуална одговорност“

Од:

Ни преостануваат уште неколку недели да издржиме, смета Оливие Герин, шеф на геријатрискиот центар на Универзитетската болница во Ница и член на научниот совет кој ја советува француската влада во борбата против епидемијата со Ковид-19.

Според него, излезот од Ковид-19 епидемијата е близу, под услов да се биде „исклучително солидарен во напорите“ наспроти санитарните ограничувања.

– Прашање е на индивидуална одговорност. Срамота е да се ризикува сега, затоа што сме близу, на неколку месеци за успешно да се избориме со оваа пандемија, смета Оливие Герин.

За овој член на Научниот совет, „излезната точка“ од епидемијата, „тоа е вакцинација“. Тој исто така тврди дека „како и во сите војни, последните мртви се најнеправедни“.

Во саботата, 4.353 пациенти со Ковид-19 биле на интензивна нега, што е ново највисоко ниво од крајот на ноември во Франција, каде од вчера 16 департмани или околу 20 милиони Французи живеат под нови рестриктивни мерки.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата