Невообичаен почеток на претседателската кампања во Индонезија

Од:

Пет недели пред одржувањето на првиот круг на претседателските избори во Индонезија, двајцата претенденти, Јоко „Јокови’’ Видодо од коалицијата предводена од Демократската Партија на Борбата и Прабово Субианто од коалицијата на партии предводени од Гериндра станаа мета на негативната кампања која започна да се води на интернет и на социјалните мрежи во 250 милионската Индонезија.

Во последниве неколку дена се појавија копии на документи според кои популарниот гувернер на Џакарта Јоко Видодо всушност е  Хебетрус Хадоко Јоко Видодо, син на локален бизнисмен од гратчето Саракарта. За индонезиски прилики тоа е голем минус за „Јаково’’, бидејки таткпо му, наводно, бил Оје Хонг Лионг, со кинеско национално потекло.

Циркулацијата на ваквиот документ може значително да влијае на определбата на околу 190 милиони гласачи, меѓу кои над 90 посто се со муслиманска вероисповест.

Нетрпеливоста спрема индонезијците со кинеско потекло, разгорена по соборувањењто на поранешниот претседател Сукарно е предизвикана поради мислењето дека Кинезите стоеле зад обидите на Сукарно да воспостави комунистички режим во Индонезија. Во шеесетите години на минатиот век Сукарно и комунистите беа сменети со воен пуч што го изведе генералот Сухарто. Во нередите загинаа над милион и пол индонезијци, а се до крајот на минатиот век, без елементарни човекови права беа заточени над два милиони осомничени поддржувачи на Сукарно. Најмногу во тој период страдаа жителите со кинеско етничко потекло, а основните човекови права им беа вратени дури во 2.006 година. Јавна тајна е дека обичниот граѓанин на Индонезија не ги сака своите содржавјани од кинеско етничко потекло, не само поради настаните за време и по Сукарно, туку и поради тоа што индонезиците со кинеско потекло долго време контролираат најмалку три четвртини од бизнисот во Индонезија.

Од штабот на кандидатот Видодо објавија документи според кои ништо од тврдењата во црната кампања не е точно и дека тој како и сите добри муслимани тој бил на аџилак во 2003 година и дека со сопругата уште пет пати ги посетувал светите исламски места во Мека и Медина. Самиот Видодо  вчера изјави дека не верува оти гласачите ќе ја проголтаат ваквата гнасна кампања против него.

Од слични обвинувања треба да се одбрани и вториот кандидат Прабово, кому му се припишува дека во 1998 година тој прифатил јордански пасош. Прабово во 1988 година беше обвинет дека како началник на генералштабот на индонезиската армија бил директен виновник за масовните масакри на цивилно население што се случуваа во мај истата година. Тогаш Прабово се повлече во Јордан, кај блискиот пријател кралот Абдула Втори, со кого завршил воена академија во САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени