Невидливиот американски Ф-35 не може да побегне од руските радари

Од:

Новиот проект на американските авиоконструктори, невидливиот авион Ф-35 „Joint Strike Fighter“, за кој се потрошени околу 1,7 милијарди долари не ги оправда очекувањата, бидејќи е видлив на радарите.

Во време кога Министерството за одбрана на Велика Британија планира да купи 48 авиони Ф-35, во вредност од 169 милиони долари за секој поединечно, експерти од области на одбрана велат дека скапоцениот „невидлив “ авион не е „тајна“ за кинеските и руските радари.

Руските системи ПВО практично со 100 процентна веројатност можат да го забележат Ф-35. Уште поголема загриженост кај експертите предизвикуваат кинеските радари, кои се инсталирани на новите разорувачи и кои можат да го одредат дури и видот на авионот.

Според мислењето на Елизабет Кинтан, претставничка на Кралскиот обединет институт за одбрамбени истражувања, понатамошната експлоатација на Ф-35 во вооружените сили на Велика Британија, ќе зависи од тоа за која цел ќе се користат тие авиони.

Таа смета дека тоа има смисла само доколку авионот стапи во борба пред да го забележат радарите.До сега Ф-35 благодарение на неговиот облик и специјалниот слој, чија што формула е строга тајна и припаѓаше на категоријата на „тешко забележливи“ .

Авионите кои се произведени на ваков начин, имаат рамна површина и остри краеви, а тоа им помага да ги измамат радарите и да ја избегнат идентификацијата.

„Проблемите“ на Ф-35 се појавиле кога на оваа серија авиони започнале да им вградуваат систем АФАР (активна фазирана антенска решетка), кој работи така што испушта одредени радио бранови на различни фрекфенции, соопшти „Дејли меил“.

Кина веднаш во својот нов радарски систем вклучи систем за препознавање на АФАР и сега Ф-35 лесно го идентификува на одалеченост од 350 километри.

Меѓутоа без оглед на тоа што авионите не ја оправдуваат својата главна намена, пилоти од Велика Британија продолжуваат со тестирање на новите авиони на полигонот на Флорида. Во тек на пробите исто така е утврдено дека временските услови се одразуваат врз софтверот на Ф-35. Имајќи го тоа во предвид, постои загриженост дека авионот може да експлодира доколку во него удри молња. Освен тоа британските пилоти се незадоволни и од квалитетот на високо-технолошките кациги.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас