Неуспешни преговорите на францускиот премиер со „Жолтите елеци“

Од:

Состанокот на францускиот премиер Едуард Филип и претставници на демонстрантите кои со недели протестираат против зголемувањето на таксите на гориво, не вроди со плод откако некои претставници на Жолтите елеци ги напуштија разговорите.

Тие наведоа дека добивале закани и бараа разговорите да се пренесуваат во живо на телевизија.
Неуспехот е по повикот за нови протести денеска ширум Франција вклучително и во Париз каде минатиот викенд протестите прераснаа во судири.

На протестите на возачите против зголемените даноци за гориво им се приклучија и фармери, службеници, пензионери и други во „жолти елеци“, движење во кое сега се широк спектар на граѓани кои протестираат поради високите трошоци за живот. Премиерот изјави дека разговорите со останатите демонстранти биле корисни и дека е отворен за соработка ако Жолтите елеци изберат претставници.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано