Белгиските безбедносни сили пронајдоа повеќе видови оружје во автомобилот на францускиот државјанин. кој се обиде со возилото да навлезе во шопинг зоната во градот Антверпен.
– Осомничениот Мухамед Р., роден е на 8. мај 1977 година, тој е француски државјанин и живее во Франција, соопшти белгиското обвинителство.
Во соопштението се посочува и дека во автомобилот пронајдена е пушка, оружје со сечило и шише со течност, што се уште не е идентификувана.
Шефот на антверпенската полиција Серж Мујтерс претходно изјави дека мажот е од северноафриканско потекло.
– Возило со француски регистерски таблици се обиде со полна брзина да влезе во улицата Меир. Мажот во маскирна облека е приведен, истакна Мујтерс.
Тој им се заблагодари од името на Антверпен на војниците, полицијата и силите за специјални интервенции за нивната акција.