Нетанјаху во посета на Париз по повод 75-годишнината од масовните напади на Евреи

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува денеска во Париз по повод годишнина од масовните напади на Евреи во 1942 година во францускиот главен град и прв пат ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

Неговата посета на Франција за одбележување на 75-годишнината од апсењата, една од најмрачните епизоди во современата француска историја, предизвика критики дека француските евреи ќе бидат искористени како инструмент.

Францускиот еврејски сојуз за мир (УЈФП) изрази сомневање дека израелскиот лидер може да биде поканет за одбележување на годишнината од „злосторството против човештвото извршено од Французи против Французи“. Комунистичката партија исто така изрази протест, нагласувајќи дека Нетанјаху не е „носител на порака за мир“.

На 16 и 17 јули 1942 година француската полиција уапси во Париз над 13 илјади евреи, меѓу кои илјадници деца, чие приведување не било побарано од нацистите. Откако минале четири дена затворени во нечовечки услови, биле депортирани во Аушвиц, Од нив се вратиле помалку од сто.

По комеморативната церемонија изутрината Нертанјаху, кој не го посетил Париз од големиот марш против тероризмот по нападите врз списанието „Шарли ебдо“ и еврејската продавница во јануари 2015 година, ќе има средба со Емануел Макрон.

Елисејската палата посочи дека посетата на Нетанјаху има цел да потенцира колку е важба борбата против секаква форма на антисемитизам.

– За Нетанјаху тоа е можност да увиди какви се намерите на Франција за улогата, која сака да ја игра во однос на израелско-палестинското прашање, како и во однос на Иран, се вели во соопштението.

– Насоката во однос на израелско-палестинскиот конфликт се уште не е доволно јасна, нагласи експертот за палестинското прашање Жан Пол Шаноло.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина