Нетанјаху верува во нови односи меѓу Израел и Иран по падот на режимот во Техеран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел и Иран повторно ќе изградат партнерски односи откако ќе дојде до пад на сегашниот режим во Техеран.

На почетокот на седницата на израелскиот кабинет, Нетанјаху упати порака на поддршка до иранските граѓани, оценувајќи ги како „херојски и храбри“.

„Кога режимот ќе падне, заедно ќе правиме добри работи во корист на двата народа“, изјави Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека во тој момент Израел и Иран повторно ќе станат „верни партнери во градењето иднина на просперитет и мир“.

Протестите во Иран започнаа на 28 декември минатата година поради падот на вредноста на националната валута и тешката економска состојба. Според организации за човекови права, во обидите за насилно задушување на протестите досега се убиени најмалку 192 лица.

Организацијата „Human Rights Activists News Agency“, со седиште во САД, соопшти дека во текот на ноќта и утрово биле регистрирани повеќе од 570 протести низ 31 иранска провинција.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно предупреди дека САД ќе интервенираат доколку иранскиот режим започне со масовни убиства на демонстранти. Од Техеран, пак, стигнаа закани дека Иран ќе ги нападне Израел и американските цели во регионот доколку САД ја нападнат земјата.

Поради ескалацијата на тензиите, Израел е ставен во состојба на зголемена готовност за можни последици од евентуална американска интервенција во Иран.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Иранците ги напуштија преговорите за завршување на војната со САД

Катерина Ѓуровски