Нетанјаху: Телата на сите убиени заложници ќе бидат вратени во Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва за време на посетата на заложниците во болницата Беилинсон во Петах Тиква, која беше ослободена од Хамас, изјави дека телата на сите убиени заложници ќе бидат вратени.

„Со истата решителност, со исто чувство на одговорност и сериозност, работиме на нивно враќање“, рече Нетанјаху во видео изјава од болницата, објавена од „Тајмс оф Израел“. Тој нагласи дека Израел нема да штеди никаков напор и ресурси за да обезбеди враќање на телата на убиените заложници.

Хамас објави дека вечерва ќе ги предаде телата на четворица заложници на Израел. Израел одлучи претходно денес да не го отвори повторно граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет утре, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот, обвинувајќи го Хамас дека не ја исполнил својата обврска да ги врати телата на сите заложници, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска соопшти дека во понеделник ги презела телата на четворица убиени заложници, кои Хамас ги предал на Црвениот крст во Газа.

Службено лице вклучено во предавањето на заложниците претходно во понеделник изјави дека Хамас ги предал телата на двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа. Вооруженото крило на Хамас претходно соопшти дека ќе ги предаде телата на четворица заложници – Гај Илуз, Јоси Шараби, Бипин Џоши и еден израелски армиски офицер, капетан Даниел Перез.

Според договорот за прекин на конфликтот во Појасот Газа, Хамас треба да ги предаде телата на уште 24 заложници на Израел.

Хамас ги ослободи сите 20 живи заложници во понеделник наутро, а Израел, како што е предвидено во договорот, ослободи речиси 2.000 палестински затвореници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

Израел распоредува дополнителни сили на Западниот брег

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Нетанјаху најави одземање државјанство за критичарите на израелската армија

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа