Нетанјаху се согласил за план за одмазда против Иран

Од:

Израелските медиуми јавуваат дека премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и други министри се договориле за начинот и времето да му возвратат на Иран за неодамнешниот напад со стотици балистички проектили, јавува Anadolu Agency.

Израелската државна телевизија КАН јавува дека Нетанјаху и Галант ја донеле одлуката по консултации со релевантните министри. Планот за одмазда допрва треба да биде претставен пред воениот кабинет на Израел, кој треба официјално да го одобри.

Да потсетиме, Галант неодамна изјави дека „наскоро ќе одговори“ на ракетните напади на Иран и дека одговорот ќе биде „дефинитивен и смртоносен“. Да потсетиме, Иран на 1 октомври го изврши најголемиот воен напад врз Израел досега.

Иранците лансираа стотици балистички ракети кон Иран, од кои повеќето беа соборени со помош на американските сили и другите сојузници. Израел најави дека ќе одговори на нападот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии