Нетанјаху побара итна истрага за убиството на еден млад Палестинец

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара од полицијата брзо да дејствуваат и да го пронајде убиецот на арапското момче, чие изгорено тело беше пронајдено утрово во шумата во близина на Ерусалим.

Нетанјаху „ги повика сите страни да не ги земаат законите во свои раце“, нагласувајќи дека Израел „е нација која се придржува до законите“ и оти секој мора да се однесува согласно на истите.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во меѓувреме апелираше Натанијаху да го осуди киднапирањето и убиството на палестинскиот тинејџер.

– Барам од Нетанјаху да го осуди киднапирањето и убиството, исто како што ние го осудивме убиството на тројцата Израелци, посочи рече Абас, при тоа апелирајќи до Израел „да превземе конкретни мерки за спречување на нападите од еврејските насилници и хаосот кој произлегува од таквите напади“, посочувајќи за ситуацијата на окупираниот Западен Брег.

Се испитува можноста дека убиството на младиот Палестинц е одмазда за смртта на тројцата израелски тинејџери, кои беа киднапирани на 12 јуни, на Западниот Брег и чии тела беа пронајдени во понеделникот во близина на местото на киднапирањето, во близина на Хербон.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци