Нетанјаху отвора свој телевизиски канал

Од:

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху отвора сопствен ТВ канал на Фејсбук, со цел да ги дистанцира главните медиуми и да обезбеди реално известување пред претстојните предвремени избори.

„Ликуд ТВ“ ќе емитува вести секоја вечер во 19 часот по локално време до гласањето на 9 април под парола „Го исфрламе лажното од вестите“.

Тоа се толкува како настојување на Нетанјаху да ги заобиколи традиционалните медиуми за кои смета дека се вклучени во координирани напади против него.

–Секој што го фалат медиумите е лош за Ликуд и обично секој што го распнуваат е добар за Ликуд, изјави Нетанјаху во своето прво појавување на каналот, говорејќи за својата конзервативна партија.

Отворањето на каналот е координирано со објавувањето на видеото на Нетанјаху за кампањата минатиот викенд.

Израелските коментатори веднаш ја истакнаа сличноста меѓу кампањата на Нетанјаху и таа на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Џерусалем пост” објави дека „Ликуд ТВ“ „се чини дека го следи моделот (на Трамп) Рил њуз апдејт (Real News Update)” чија цел е да ја поддржи кампањата за реизбор на Трамп пред гласањето во 2020 година.

Таквиот потег, меѓу другото, е прокоментиран како главна стратегија на кампањата на Нетанјаху и засега е единствена, медиумите да се претстават како непријатели.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски