Нетанјаху објави план за целосна окупација на Газа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно во приватни разговори изјавил дека е подготвен да нареди целосна окупација на Појасот Газа, и покрај противењето на Израелските одбранбени сили (ИДФ), објави „Тајмс оф Израел“.

Според извештаите на локалните медиуми, неколку министри во израелската влада изјавиле дека Нетанјаху планира да побара поддршка за проширување на воените операции во Газа, што вклучува преземање на контролата врз целиот Појас, иако тоа доаѓа со голем ризик за цивилните жртви и заложниците во регионот.

Според високи функционери цитирани во хебрејските медиуми, Нетанјаху изразил подготвеност да „фрли коцки“ и армијата да се движи кон „целосна окупација“ на Газа, објави „Инет“.

Неколку министри од израелската влада, вклучувајќи го министерот за стратешки прашања Рон Дермер и министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, наводно ја поддржуваат идејата за проширување на операциите во Газа.

Од друга страна, меѓу оние кои се посклони кон преговори за прекин на огнот и решавање на прашањето со заложниците се министерот за надворешни работи Гидеон Саар, како и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.

Би можело да ве интересира

Гвир: Напишавме историја, нема да ја слушаме ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Над 6.000 повредени во Израел

Блискиот Исток во пламен: Иран и Хутите испукаа ракети кон Израел