Нетанјаху: Ништо нема да не спречи да го запреме Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ниту борбата против коронавирусот нема да ја спречи неговата земја да го запре Иран во неговите напори за развој на нуклеарно оружје.

Нетанјаху посочи дека, според последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија, Иран не им дозволувал на инспекторите на таа организација пристап до локации за кои постои сомневање дека во нив се чуваат или преработуваат нуклеарни материјали.

– Иран систематски ги крши своите обврски со криење локации, со збогатување фисилни материјали и други прекршувања, рече Нетанјаху на седница на Владата, повикувајќи ја меѓународната заедница да им се придружи на САД и да воведе остри санкции за Иран, пренесува „Ерусалим Пост“.

Би можело да ве интересира

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ