Нетанјаху: Нема да му попуштиме на Хамас, скапо ќе платат што ги бомбардираа нашите градови

Од:

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека не планира да попушти во нападите против Хамас во Газа, по силното бомбардирање насочено кон исламистите во палестинската енклава.

– Тие го нападнаа нашиот главен град, истрелаа ракети кон нашите градови. Тие плаќаат и ќе плаќаат скапо за тоа, изјави тој по безбедносните консултации во воениот штаб во Тел Авив.

– Се уште не е завршен конфликтот, додаде тој.

Шестмина Палестинци биле убиени денеска на Западниот брег во неколку судири со израелската армија, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Како што е наведено, петтемина биле убиени додека фрлале камења кон израелски војници на повеќе локации, а шестиот – при обид да нападне израелски војник со нож.

Палестинците беа убиени во услови на ескалација на судирите меѓу израелската војска и палестински Хамас, кој владее со појасот Газа, и насилствата во израелските градови каде што живее мешано еврејско арапско население.

Вкупно десет Палестинци на Западниот брег се убиени од почетокот на конфликтот во понеделникот. На територијата што Израел ја освои во војната во 1967 година, често се одржуваат протести во петок против проширувањето на еврејските населби. Демонстрантите, исто така, ги осудија израелските напади врз појасот Газа овој петок.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека повеќе од 100 Палестинци се ранети на денешните протести. На Западниот брег живеат околу 450.000 еврејски доселеници и 2,8 милиони Палестинци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски