Нетанјаху: Неколку земји планираат да ги преместат амбасадите во Ерусалим

Од:

Неколку држави размислуваат за преместување на своите амбасади во Ерусалим, по одлуката на САД за призвање на тој град за главен град на Израел, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој кажа дека веќе се во разговори со неколку земји кои сериозно размислуваат да ги преселат своите амбасади во Ерусалим, но не прецизираше за кои точно станува збор.

Во однос на одлуката на САД, Нетанјаху смета дека со тоа е потврдена „историската вистина“.

– Ерусалим е престолнина на Израел веќе 3.000 години, уште од времето на кралот Давид. Беше престолнина на Израел последните 70 години и време САД тоа да го каже. Задоволство ми е што го сторија тоа. Мислам дека и други земји ќе постапат така, рече Нетанјаху во интервјуто за Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел