А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Нетанјаху: Не ги повлекувам силите од Појасот Газа

by А1он01/10/2025 - 14:19268
Share0

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави, еден ден откако го претстави планот за завршување на војната со американскиот претседател Доналд Трамп, дека нема намера да ги повлече израелските сили од Појасот Газа.

Добивај вести на вибер

– Никако, тоа нема да се случи, рече Нетанјаху во видео објавено на неговиот личен профил X, еден ден откако разговараше со Трамп во Белата куќа и рече дека го прифаќа американскиот план, кој, меѓу другото, предвидува повлекување на израелската армија.

Според него, Израел го сменил текот на настаните против Хамас охрабрувајќи ги арапските и муслиманските земји да извршат притисок врз палестинската милитантна група да ги прифати условите на Израел – ослободување на затвореници и израелско воено присуство во поголемиот дел од окупираната палестинска енклава.

Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху, исто така, обезбедил клучни промени во планот на Трамп што би го забавиле и ограничиле секое повлекување, така што израелските сили би ја задржале контролата врз големи делови од Појасот Газа.

Мировниот план на Белата куќа за Газа, објавен вчера, предлага крај на конфликтот меѓу Израел и членовите на палестинската милитантна група Хамас, како и враќање на сите заложници што ги држи групата, мртви и живи, во рок од 72 часа од јавното прифаќање на договорот од страна на Израел.

Планот, меѓу другото, бара израелските сили да се повлечат на договорените линии за да се подготват за ослободување на заложниците, а откако ќе бидат ослободени сите заложници, Израел ќе ослободи 250 Палестинци кои отслужуваат доживотни затворски казни и 1.700 жители на Газа кои се притворени од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.

Газа би била ставена под контрола на меѓународно тело, предводено од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое би бил вклучен и поранешниот британски премиер Тони Блер.

benjamin netanjahuGazaizrael

Би можело да ве интересира

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Горан Наумовски13/02/2026 - 14:18

Нетанјаху: Иранците можеби ќе бидат принудени да прифатат „добар договор“ со САД

А1он12/02/2026 - 20:24

Хамас: Не го предаваме оружјето и не прифаќаме странска власт на палестинска територија

Горан Наумовски08/02/2026 - 19:19

(ВИДЕО) Галант со тешки обвинувања кон Нетанјаху: „Тој е лажго кој мисли само на себе“

Горан Наумовски08/02/2026 - 07:4708/02/2026 - 07:47

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:24

Израел врши притисок врз САД да го нападнат Иран

Горан Наумовски03/02/2026 - 21:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен