Нетанјаху ја поздрави одлуката на ЕУ да го стави воено крило на Хезболах на списокот на терористички организации

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави денешната одлука на Европската унија да го вклучи военото крило на Хезболах на својот список на терористички организации, пренесе ДПА.

Нетанјаху изрази надеж дека овој потег ќе доведе до реални чекори против либанското шиитско движење.

Претходно денеска израелскиот министер за правда Ципи Ливни, исто така, ја поздрави одлуката на ЕУ, на која Израел одамна инсистира. Според Ливни, таа пред сел свет покажува дека Хезболах е терористичка група.

САД, Велика Британија, Холандија и Австралија веќе ја вклучија либанската шиитска партија во своите списоци на терористички организации, забележаа француските медиуми.

Израелскиот весник „Аарец“, ја цитира изјавата на Нетанјаху, во која тој ја критикува поделбата што ЕУ ја прави меѓу политичко и воено грило на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците