Нетанјаху: Израел стана најмоќната сила на Блискиот Исток

Од:

Израел стана „најсилната сила на Блискиот Исток“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на церемонијата за високи офицери на безбедносната агенција Шин Бет.

Тој нагласи дека Израел целосно го променил балансот на моќ и одвраќање во регионот, објавува „Тајмс оф Израел“.

На настанот вчера во резиденцијата на претседателот Исак Херцог, на кој присуствуваа самиот Херцог и неодамна назначениот шеф на Шин Бет, Давид Зини, Нетанјаху подетално објасни како верува дека е постигната оваа позиција.

„Денес, Израел се смета – и ова не е претерување – за најсилната сила на Блискиот Исток. Го променивме целиот баланс на одвраќање и моќ“, рече премиерот.

„Го постигнавме ова благодарение на непоколебливоста на нашиот народ, нашите војници, нашите команданти, во сите гранки на безбедноста и преку правилните одлуки што ги донесовме“, продолжи тој.

Нетанјаху посебно ги пофали неодамнешните успеси на Шин Бет во спречувањето на терористички активности, истакнувајќи дека агенцијата успеала да спречи „над 1.200 напади“ и покрај невидените закани.

„Придонесот на службата во спречувањето на над 1.200 напади е незамислив… Дојдовме до ситуација каде што имаме најголем број предупредувања за терористички напади досега и најмал број на напади што всушност се извршени“, заклучи премиерот.

Би можело да ве интересира

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Нетанјаху ја губи власта на почетокот на следната недела

А1он