Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека обновувањето на иранското збогатување на ураниум од 20 проценти има за цел развој на нуклеарно оружје и дека Израел никогаш нема да дозволи Техеран да го произведува.

Нетанјаху во соопштение наведува дека иранската одлука за збогатување може да се објасни само како обид за продолжување на спроведувањето на намерата за развој на воената нуклеарна програма.

Нетанјаху додава дека Израел нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје.

– Иран го обнови збогатувањето на ураниум од 20 проценти во подземниот нуклеарен комплекс Фордо, изјави претходно владиниот портпарол Али Рабеи за агенцијата Мер.

Тоа е спротивно на Договорот постигнат во 2015 година од кој се повлекоа САД и Иран и најверојатно, како што пренесуваат странските агенции, ќе наштети на плановите на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за Вашингтон повторно да ги почитува преземените обврски од Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

На 1 јануари Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека била информирана дека Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во Фордо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад