Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа, по состанокот на воениот кабинет, изјави дека Тел Авив со сила ќе одговори на секое прекршување на примирјето меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

„На секое прекршување на договорот, ние силно ќе одговориме. Добар договор е оној што се почитува и ние ќе го почитуваме“, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека времетраењето на примирјето ќе зависи од тоа што ќе се случи во Либан.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците