Нетанјаху: Иран досега со најголеми можности за производство на атомска бомба

Од:

Иран денеска е поблиску од кога и да е до потребното збогатување на ураниум за нуклеарна бомба, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Изјавата е реакција на објавувањето на детали од доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), според кој Иран почнал да инсталира унапредени центрифуги во главниот објект за збогатување ураниум.

Нетанјаху извештајот го означи како „мошне сериозен“ и истакна дека тој докажува дека Техеран брзо се движи кон црвената линија за која тој предупреди во септември минатата година во Њујорк. Тој во говорот на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека Иран мора да биде спречен пред да ја премине линијата, проценувајќи тогаш дека тоа би можело да се случи оваа пролет.

Кабинетот на Нетанјаху најави дека спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје е биде првата тема на дневниот ред на разговорите за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама, закажана за 20 март.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави