Нетанјаху и Мосад на различни позиции за Иран

Од:

Тврдењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Иран за една година ќе се здобие со атомска бомба е контрадикторна со проценките на тајните служби, објавија Ал Џазира и Гардијан.

Контрадикторноста е откриена во комуникациите меѓу јужноафрикански разузнавачки служби и нивни глобални партнери меѓу кои Мосад и ЦИА, а кои ги имале на увид медиумите.

Во 2012 година Нетанјаху рече дека Иран може да направи нуклеарно оружје во рок од една година, покажувајќи скица на запалена бомба. Тогаш нагласи дека во случај да не биде запрен до средината на 2013 година, Иран ќе има „само неколку месеци или само неколку недели“ да развие бомба.

Но, неколку недели подоцна по тој говор во ОН, Мосад размениле извештај за разузнавачката служба на Јужна Африка во кој се заклучува дека Иран не извршува активности неопходни да се произведе бомба, пренесе Гардијан.

Тие извештаи се објавени во момент кога САД, Кина, Русија, Британија, Франција и Германија се соочени со рок до крајот на март да постигнат договор со Иран да ја ограничи својота нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци